Совршено збогување и совршен крај имаше шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар и од Скопје ќе си замине како тренер, кој му ја донесе втората европска титула на „црвено-црниот“ тим.

Од следната сезона повеќе нема да го гледаме во вардаровите редови, со оглед на тоа дека тој ќе ја превземе работата со националниот машки тим на Египет, кој гради тим за СП 2021 на кое ќе биде домаќин.

Среќата на Парондо беше неизмерна, а тој тоа го покажуваше на секој чекор, а дека сака целата убавина да ја зачува и да го „зграби“ моментот, потврди и фактот дека тој постојано го имаше мобилниот телефон в рака и се сликаше селфи со момците и официјалните лица на тимот.

Иднината на клубот е неизвесна, но Парондо се збогуваше на најубавиот можен начин, од кровот на Европа.