Вардаровите ракометари во „Радисон блу“ ги користат последните минути на спокој и сумирање на сè она низ што минаа во последните 48-часа пред патувањето за Скопје и фештата која ги чека во престолнината.

Кој со кафе, кој со пиво, опуштено ја „чека“ бурата…, а со нив на масата, секако, е и шампионскиот пехар. И тој го чека чартерот за Скопје.