Вардар е големо семејство. Токму поврзаноста меѓу играчите, таа тимска хемија ги прави единствени, им го отвара патот кон височините. Секој кој ќе дојде во таборот на македонскиот првак го менува менталитетот, своите навики, сите стануваат едно.

Кристијан Дисингер се претвори во Македонец, а додека Игор Карачиќ и Дејан Милосављев по којзнае кој пат покажаа дека Хрват и Србин може да функционираат заедно, да се сакаат и почитуваат.

„Овој човек на стартот на сезоната пред дуелот со Монпелје против кого му реков дека ќе бидам најдобар ми порача дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Тој човек сега е МВП. Со неговите совети постојано ме држеше цврсто на земја, иако имаше моменти кога младиот играч сака по свое…Затоа сум горд на него и сето она што го направи за мене оваа сезона. Ти благодарам Игоре“, рече Милосављев