УРНЕБЕСНО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО МЛАДИОТ МАРКО МИШЕВСКИ ГО УЧИ ДМИТРИ КИСЕЉЕВ ДА ЈА ПЕЕ ВАРДАРОВАТА ХИМНА (ЛИНК)

Во славеничката еуфорија и оро се заврте на плоштад…

КАЛИФА ГЕДБАН: „Не бев подготвен за вакво нешто, никој од соиграчите не ме предупреди што нé чека… Ова е неверојатно“.

Уште неколку фотографии од аеродромот во Скопје…

 

Неколку фотографии од автобусот на Вардарци кој се упатува кон Скопје. Калифа Гедбан од Алжир го вее македонското знаме од Кутлеш

21:55 ч. – „Црвено-црните“ од аеродромот се упатуваат кон Скопје каде ги чекаат илјадници фанови

21:48ч. – Пехарот „слета“ во Скопје, ракометарите го слават со навивачите

 

 

21:44 ч. – Вардарци ги пречека скопскиот градоналачник Петре Шилегов

21:42 ч. – Момците се на аеродромот, чекаат да ги минат сите формалности, и потоа се упатуваат надвор каде ги чекаат илјадници фанови. Стојанче Стоилов излезе со пехарот на рамената… Факели горат, песна се пее по него излегуваат и другите ракометари…

21.35 ч. – Момците излегуваат од авионот и се упатуваат кон зградата на аеродромот. Ги облекуваат шампионските маички.

20.50 ч. – Се враќаме на аеродромот во Скопје… Илјадници навивачи чекаат. Не се уморни, викаат на сиот глас, има сила и за после… Дефинитивно, Вардарци ќе слетаат во 21.30 часот

20.40 ч. – Како е на плоштадот „Македонија“? И таму е одлично, се чекаат ракометарите за почеток на забавата… Ќе има „шампионски шпалир“ по поминувањето низ триумфалната капија

20.00 ч. Ви ја пренесуваме атмосферата на скопскиот аеродром… Со нетрпение се чека пристигнувањето на хероите, јунаците кои ја покорија ракометна Европа…

Старо и младо – се се збрало. Црвено-црната боја доминира… Ова се единствени незаборавни моменти… Ајде, ајде вардаре ечи од сите страни…

 

 

Еве дел од атмосферата на скопскиот аеродром.

Вардарци веќе летаат кон Скопје, стотици навивачи веќе се на аеродромот и со нетпрение го чекаат пристигнувањето…