Шпанскиот стратег на вардаровата клупа Роберто Гарсија Парондо од вчера може да се пофали дека комотно чекори по стапките на својот поранешен стратег Талант Душебаев.

Од синоќа Парондо е вториот на кој му успеало и како играч и како тренер да ја освои Лигата на шампионите и со тоа ќе му прави друштво на Душебаев, кој досега беше сам.

Интересно е што и Давид Дејвид во големото финале во Келн го бркаше истиот рекорд, но на крај можеше само да се радува за својот сонародник.