Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четврфиналето на Ролан Гарос и тоа по 10. пат едноподруго. Тоа досега не му успеало на ниту еден друг тенисер кој се појавил на парискиот Грен Слем.

Србинот во осминафиналето беше подобар од германецот Штруф во три сета со 6:3, 6:2, 6:2 по час и 33 минутна борба.

Рекордот кој со овие 10 последователни четврфиналиња го направи Ѓоковиќ не му успеаја ниту на Рафаел Надал, кој се смета за доминантен на земјени терени, а згора на тоа има и 11 трофеи на Ролан Гарос. Во четврфиналето Србинот ќе игра со победникот од  дуелот меѓу Фабио ФОњини и Александар Зверев.