Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, денеска го објави списокот на повикани ракометари за престојните квалификациски пресметки со Турција и Хрција за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија има уште дуели со Турција на 12 јуни во Ескишехир и со Грција на 16 јуни во Струмица. Брестовац денеска го објави списокот со 28 ракометари на кој нема поголеми изненадувања.