Баерн Минхен е на пат да собори нов рекорд за купување млада германската ѕвезда, откако стана јасно дека првите луѓе на клубот почнале преговори за играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.

Според германските медими, баварците за 19-годишниот играч од средниот ред понудиле неверојатни 90 милиони евра! Претходно, претседателот на на клубот, Ули Хенес, изјави дека не е подготвен да потроши повеќе од 80 милиони за еден играч.

Во целата ситуација Баер Леверкузен го отфрлил предлогот и нагласил дека не е заинтересиран за продажба на Хаверц.