Дејан Милосављев е еден од шестмината играчи кои следната сезона нема да го носат дресот на европскиот првак, се сели во таборот на Фуксе Берлин. Српскиот голман е еден од најзаслужните за новиот пехар во Лигата на шампионите, го прифати предизвикот да ја чува мрежата на Вардар за која претходно беше задолжен Арпад Штербик. Роберто Гарсија Парондо и останатите момци го подржаа, веруваа безрезервно во него, а тој на теренот докажа дека го заслужува тоа.

На својата официјална „Инстаграм“ страница тој се збогува со фановите на оригинален начин.