Лука Јовиќ е нов член на Реал Мадрид. Трансферот на Србинот во „кралевите“ ќе чини 60 милиони евра, од кои 30%, или 18 милиони одат за Бенфика, а другите за Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ потпиша на шест години, а трансферот го потврди и неговиот иден клуб Реал кој му посака добродојде.

Сагата на Јовиќ околу трансферот во Мадрид траеше со месеци, и сега, конечно е склопен договор.

„Добивме финансиска понуда која не можевме да ја одбиеме, иако Јовиќ ќе биде огромна загуба за нас“, велат од Ајнтрахт Франкфурт.