Луис Енрике повторно на сред подготовки ја напушти репрезентацијата на Шпанија, и замина дома во Барселона. Причините остануваат непознати, но ова не е прв пат Енрике да ја напушти селекцијата без најава и да се врати кај семејството.

Најверојатно станува збор за семеен проблем, а шпанската федерација строго им забрани на репрезентативците да кажат за што се работи.

Енрике и пред неколку месеци ја напушти селекцијата сред подготовки.

Играчите веќе застанаа зад него, а тој ги следи тренинзите и дава инструкции преку интернет. Наредил да се пренесуваат тренинзите, а тој да биде дома и да го реши проблемот. Засега не е познато за што станува збор.