Македонија вечерва славеше со Вардар. Сите сплотени во едно, најпрво на Аеродромот, потоа и низ центарот, пред салата „Јане Сандански“, па на големиот плоштад, илјадници, илјадници луѓе со нетрпение ги чекаа Вардарци. Тие пристигнаа, и големата забава можеше да почне. Траеше до полноќ, сите во еден глас се сплотија да ги видат и поздрават најдобрите во Европа.

За некого последни мигови во Вардар, за некого не, но во едно сите се сложија – ВАРДАР МОРА ДА ЖИВЕЕ.

Погледнете ја големата фотогалерија на „Спортмедиа“ од денешниот дочек на македонските херои.