Кога во прашање е Вардар се чини ништо не е тешко. Бројните фанови трпеливо цели четири часа седеа на скопскиот аеродром, останатите многу рано ги фатија своите места на скопскиот плоштад и потрошија многу повеќе часови од своето слободно време, се во име на европскиот првак.

На аеродромот фановите пристигнуваа со автомобили, автобуси, мотори, па дури и велосипеди.

Меѓу сите се издвои едно момче кое со својот велосипед од почетокот на шампионската тура на Вардар до крајната цел градскиот плоштад го следеше автобусот со ракометарите. Тој мина повеќе од 25 километри и во ниту еден момент не се одвои, на овој начин сакаше да им се заблагодариме за убавите денови кои му ги пружија на него и цела Македонија.