По фудбалските првенствата, Лигата на Европа, Лигата на шампионите, ракометната Лига на шампиони, фудбалот се враќа на сцената поточно време е за настапите на репрезентациите. Додека во ек е младинското Светско првенство, од среда па натаму почнуваат и сениорските репрезентации некои ќе играат пријателски натпревари, некои се спремаат за Копа Америка и Голд купот, некои ќе играат квалификациски за ЕП 2020, а дел и мечеви од Лигата на наците.

Не очекува богата понуда и голем избор за типување.

 

ВТОРНИК (04.06.2019)

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО М20 – Осминафинале

АРГЕНТИНА – МАЛИ

Аргентинците како што треба ги одработија првта два натпревари во групата, па се опуштија во последното коло против Кореја, додека нивниот противник имаше поголеми проблеми со пласманот во наредната фаза. Кога се ќе се земе во предвид, кецот е најреален.

СРЕДА – ПЕТОК (05-07.06.2019)

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

ЈАПОНИЈА – ТРИНИДАД И ТОБАГО

Јапонците се подготвуваат за Копа Америка (ќе играат како гости), а ривалот за КОНКАКАФ Голд купот. Па и на двете екипи им е потребен добар резултат. Триниѓаните лошо играат на пријателските гостувања и кецот е најдобар избор, а истото важи и за КМБ 1&2-4.

ТАЈЛАНД – ВИЕТНАМ

Виетнам зимоска стигна до четвртфиналето на Азиското првенство и е фаворит против Тајланд. Квалитетот и традицијата се со домаќинот на Кралскиот куп и реално е тој да му се придружи на Курасао или Индија во финалето. Избегнете голови.

ПАРАГВАЈ – ХОНДУРАС

Селекторот на Парагвај, Аргентинецот Едуардо Берисо никако не успева да ја извлече „Албироха“ од кризата, а набргу почнува континенталниот шампионат. Дуелот со исто така заспаниот и објективно послабиот Хондурас е шанса за будење. Кец со 2-3 гола.

САД – ЈАМАЈКА

Американците од почетокот на годината забележаа три победи и реми, а со оглед на одличниот ефект кој го имаат во меѓусебните дуели со овој ривал ни се чини дека единицата е зацртана. На нивните меѓусебни натпревари паѓаат 2-3 гола, па комбинирајте.

БРАЗИЛ – КАТАР

И овие ривал се спремаат за Копа Америка, а пред неколку денови бразилската нација ја загрижи повредата на Нејмар. Ѕвездата на ПСЖ се врати на тренинзи, но дури и ако не настапи против Катар домашните се апсолутни фаворити (1-1, СП 1).

ПЕРУ – КОСТАРИКА

Перу и на оваа Копа Америка ќе биде во група со Бразил, но со оглед на резултатите кои ги постигнува тешко дека ќе успее да го повтори успехот од пред три години, кога славеше против „Кариоките“. Но, овој подготвителен меч би морал да го добие, иако ГГ е пореално.

МЕКСИКО – ВЕНЕЦУЕЛА
Голд купот за кој се спремаат Мексиканците (и другите селекции на Северна и Средна Америка) стартува во исто време „Ел Три“ никогаш не изгубил од Венецуела, а сигурни сме дека нема ни сега, а бидејќи врза две ефикасни победи пробајте КМБ 1&3+.

ЧИЛЕ – ХАИТИ

Во последните години Чилеанците се во криза, а на претстојниот КА ќе биде под голем притисок како двоен бранител на титулата. Хаити би биле презадоволни ако не изгубат со голем резултат на овој натпревар. Гаѓајте кец со 2-3 гола.

СРЕДА – ПЕТОК (05-07.06.2019)

БРАЗИЛ – Куп (осминафинале, реванши)

ФЛАМЕНГО – КОРИНТИЈАНС

Прв натпревар 1:0

Коринтијанс ја крена формата, но последниот пораз му го нанесе токму Фламенго кој е недопирлив на домашен терен, а обично има рецепт за „тимао“, од кого изгубил само едно од претходните осум одмерувања. Кецот е прв, а КМБ 1Х&0-3 втора варијанта.

АТЛЕТИКО ПАРАНЕНСЕ – ФОРТАЛЕЗА

Прв натпревар 0:0

Неуспехот во реваншот од Суперкупот на Јужна Америка со Ривер Плејт би можел да биде камен за сопнување на Атлетико и против се подобрата Форталеза, но од друга страна е силен мотив за оправдување и за себе, и за навивачите. Затоа очекуваме тврда единица.

КРУЗЕИРО – ФЛУМИНЕНСЕ

Прв натпревар 1:1

Крузеиро е бранител на трофејот и ако неговите фудбалери беа малку поконцентрирани веќе ќе се спремаа за четвртфиналето бидејќи Флуминенсе во првиот меч изедначи во судиското продолжение. Веруваме во домашните како и во ГГ.

САНТОС – АТЛЕТИКО МИНЕИРО

Прв натпревар 0:0

Постојат две добри причини да се обложите на Сантос. Првата е нивната серија од четири триумфи над Атлетико Минеиро на домашен терен, а втората е фактот што на својот „Вила Белмиро“ доби 17 од претходните 18 куп натпревари. Размислете и за КМБ 1&2+.