ФИФА денеска објави дека Катар и оваа и следната година ќе биде домаќин на светското клупско првенство, откако го префрли турнирот од Абу Даби во Катар, каде што во 2022 ќе се игра Мундијалот.

Домаќин на овој турнир ќе биде катарскиот Ал Сад кој ќе игра против Хајген спорт од Нова Каледонија,  подоцна ќе се приклучи Ливерпул, потоа мексиканскиот Монтереј како претставник од Средна и Северна Америка, Есперанса од Тунис, а уште се чекаат прваците од Азија и од Јужна Америка.

Ова ќе биде како генерална проба за Мундијалот кој за три години ќе се одржи во Катар.