По само еден месец престој на кормилото на Палермо, Делио Роси се раздели со клубот каде настапуваат и двајцата македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Веста јапотврди генералниот менаџер на клубот, Фабрицио Лусеси. Роси го презеде Палермо кон крајот на април, а неговиот договор беше до крајот на јуни. Клупските претставници појаснија дека договорот нема да биде продолжен.