Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант, нема да биде дел од финалето со Торонто ниту на третиот меч закажан за вечерва.

Враќањето на кошаркарот на терените повторно е одложено. Првично, тој требаше да заигра на вториот финален меч во Торонто, отпатува со тимот, но на крајот не доби дозвола од лекарите да се појави на теренот. Дурант има повреда на мускулот на ногата, која ја заработи на петтиот натпревар од вториот круг на плеј-офот со Хјустон Рокетс.

Сега тој тренира поединечно по посебна програма и се уште е далеку од враќање на паркетот, тврдат извори од клубот.