Германија и Англија се против идејата на Европската клупска асоцијација (ЕКА) за создавање на “Супер лига” по 2024-та година. Веста ја потврди лично претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Рајнхард Раубал.

ЕКА работи со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на реформи во Лигата на шампионите, кои можат да стигнат до толку далеку што ќе биде создаден целосно нов турнир со испаѓање и влегување во европската елита. Ова практично значи дека тоа меѓународно клупско натпреварување ќе стане еден вид на првенство кое ќе биде затворено за помалите тимови.

Германија и Англија го поддржаа Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига кој се спротивстави на оваа идеја.

„Јас сум претседател на Германската фудбалска лига и претседател на Борусија Дортмунд. Нашето првенство, нашата Бундеслига, даде дногласна одлука да не ја поддржи идејата на ЕКА”, рече Рајнхард Раубал за време на Конгресот на ФИФА во француската престолнина Париз.

„И Дејвид Гил е на исто мислење. Германската и англиската фудбалска лига се против овој предлог. Ние сме традиционалисти и нагласуваме дека домашниот шампионат е најважен”, додаде тој.