Репрезентацијата на Португалија се пласира во финалето на Лигата на нациите откако вечерва на „Драгао“ во Порто ја порази Швајцарија со 3:1 во полуфиналниот дуел. Пресуден фактор беше Кристијано Роналдо кој ги постигна трите гола за својата селекција. Првиот беше ремек дело, во 25. минута сам изнуди слободен удар и шутна силно и ја затресе мрежата на противникот. Швацарците тргнаа добро во вториот дел и добија пенал откако беше соборен Бернардо Силва, а судијата Феликс Брих покажа на 11 метри. Рикардо Родригез го изедначи резултатот, но Роналдо не дозволи изненадување. Во финишот на мечот постигна два гола и го реши победникот. Противник на Португалија во финалето од А сегментот на Лигата на нациите ќе биде подобриот од Холандија-Англија кој се игра утре во Гимараис.

Со тоа Роналдо стигна до 88 голови за Португалија, а уште поинтересно е што стигна до уникатен рекорд. Единствен во светот со голови во 10 различни интернационални турнири.

Даваше голови на четири Европски првенства (2004, 2008, 2012, 2016) и на исто толку Светски првенства (2006, 2010, 2014 и 2018), потоа на Купот на Конфедерациите во 2017 и сега во Лигата на нациите.

Да потсетиме групната фаза од ЛН не ја одигра затоа што селекторот му даде одмор.