Шведскиот фудбалски функционер и поранешен претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон, почина на 89 години.

Јохансон беше прв човек на европскиот фудбал од 1990 до 2007 година, со што стана рекордер по бројот на мандати. На 26 јануари 2007 година Мишел Платини ја презема неговата позицијата.

До 2005 година, тој беше и претседател на фудбалскиот клуб АИК Стокхолм. Во 2005 година беше награден со златен медал за извонредни услуги за шведската култура, наука и општество. Трофејот во младинската лига на УЕФА е именуван токму по Јохансон.