По сите скандали кои се случија во првенството и во Купот, Олимпијакос е исфрлен од грчката лига, сезоната ќе ја почне со шест бода помалку.

Во меѓувреме првите луѓе на Олимпијакос направија бројни разговори со челниците на АБА-лига, но се чини нема да ги видиме во ова натпреварување.

Причината поради која тимот од Пиреја не доби зелено светло се Олимписките игри во Токио, АБА-лига токму поради нив ќе мора побрзо да го заврши првенството. Доколку грчкиот тим се приклучи лигата ќе се прошири на 14 клуба, па распоредот ќе мора да претрпи измени.

ФИБА испрати барање до сите лиги најдоцна до 12 јуни да завршат за да играчите бидат слободни за квалификациите за ОИ кои стартуваат истиот месец.