Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез уште еднаш си ја отвори излезната врата во Баерн, по уште една сезона во која ретко играше за германскиот шампион. Санчез веројатно повторно ќе биде пратен под наем, но тој не го сака тоа, а од друга страна е свесен дека повторно нема да игра.

„Не сакам повторно на позајмица. Ако заминувам, тоа нека биде дефинитивно. Со трансфер. Сакам да играм почесто, но знам дека тоа во Баерн нема да можам. Нема смисол повторно да се обидувам да се наметнам. Пробам многу пати но очигледно не ме забележуваат“, вели 21-годишниот фудбалер.

 

„Па не е фер. Многу млади играчи, како Кимих, Гнарби или Коман играат многу, а јас не. Јас тренирам и покажувам дека сум добар фудбалер. Но не играм. Не знам која е причината“, додаде европскиот шампион со Португалија.

Сезонава што помина Санчез одигра 24 натпревари во сите конкуренции, меѓутоа само на шест беше стартер (ниту еден цел натпревар).