Шампионот Шкендија донесе ново засилување. Како што дознава „Спортмедиа“, тетовските „црвено-црни“ веќе успеале да постигнат договор со десниот бек на швајцарски Ксамакс, Арбнор Фејзулаху, инаку албански интернационалец кој една сезона беше дел од швајцарскиот прволигаш Ксамакс, кој во доигрувањето успеа да го спаси својот прволигашки статус.

26-годишниот Фејзулаху е некогашен фудбалер на Беса и Партизани од Албанија, а има и еден настап за сениорската репрезентација на Албанија. Претходно ги минал сите младински генерации на албанската репрезентација и има настапи за У21 и У19 селекциите.

Минатата сезона како член на Ксамак одигра смао 6 меча во швајцарската елита и имаше два настапи во Купот на Швајцарија.