Силекс во Прва лига а Тиквеш останува во Втората лига – Исток. Тоа е епилогот од денешниот бараж меч за пополнување на елитната лига за следната сезона. Да се навратиме малку на Истокот. Таму во сезоната 2019/2020 ќе биде супер интересно.

Ќе има најмалку три-четири силни екипи кои ќе сакаат прво место и директен пласман во елитата. Во следното првенство во таа конкуренција ќе се натпреваруваат екипите на Беласица, Победа, Тиквеш, Брегалница, Кожуф, Кит Го, Плачковица, Осогово, Д. Езеро и Питу Гули. Секако тука ќе ја следиме и ситуацијата во Штип каде Кит Го има намера да ја преземе Брегалница, но за тоа дефинитивно ќе се знае во текот на следните денови или недели.

Во секој случај последната сезона од ваквиот формат, да потсетиме дека од 2020/2021 повторно ќе има една втора лига, ќе биде многу интересна и битката за оние места кои водат во Првата лига ќе биде неизвесна.