Нигерискиот национален тим беше елиминиран од Светското првенство за играчи до 20 години што се одржува во Полска, но тие се уште се во државата и не сакаат да си одат додека челниците на Фудбалската федерација не ги исполнат ветеното. Во понеделникот „орлињата“ изгубија од Сенегал и беа елиминирани од Мундијалито, но тие не сакаа да го напуштат хотелот во Лоѓ каде што беа сместени. Играчите и стручниот штаб не се одјавија од собите на време, поточно одлучија да останат во знак на протест поради неисплатените финансиски средства од страна на ФФ на Нигерија. Вработените на хотелот беа принудени да повикаат полиција да ги истера Африканците од хотелот. Дури и го пропуштија летот за Абуџа за кој имаа резервирано и билети.
Пусти пари! На фудбалерите и стручниот штаб им биле ветени по 5.000 долари на секому пред настап на шампионатот.
Но ниту еден не добил ни цент, па затоа одлучиле да штрајкуваат додека не им биде исполнето ветеното. Одлучија да покажат на светот како се работи во Нигерија и како си играат со судбината на играчите кои го носат националниот дрес.