Маркус Кај одлучи да протестира против одлуката на клубот Јан Хесфелд да го отпушти од работа ден пред завршувањето на сезоната во петата германска лига. Кај дознал дека е сменет од социјалните мрежи. Претседателот на клубот кој му кажал дека нема потреба да доаѓа на последниот меч од сезоната и слободно може да оди на риболов!?

А реакцијата е следна. Кај на последниот меч од сезоната облечен во роболовна опрема седеше на столче покрај теренот држејќи трска за ловење риби во рацете.

„По поразот од Велберт, претседателот на клубот Дитрих Хелсеман ни пиша на мене и на директорот Томас Дротбум дека нашите договори нема да бидат продолжени. А претходно зборувавме за продолжување на соработката. И наеднаш стоп. Срамен е начинот на кој ни беше кажано, на односот. Без никаков респект и човечност“, вели Кај.