Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во следната сезона би можел повторно да заигра во Серија А. Според „Кориере дело Спорт“ голгетерот е желба на Фабио Ливерани и Лече. Преговори меѓу фудбалерот и клубот нема, но во анкета спроведена меѓу навивачите на клубот популарниот Нестор-гол е на врвот на листата.

Несторовски имаше одлична сезона во Серија Б, каде постигна 14 гола на 26 натпревари, а добро се паметат и неговите фантастични игри во сезоната 2016/2017 кога постигна 11 гола на 37 натпревари во Серија А во дресот на Палермо.