Манчестер Јунајтед го доби првото засилување ова лето, а тоа не ги импресионира навивачите кои сакаат да видат врвно име во екипата. Тренерот Оле Гунар Солскјер беше упорен во намерата да го донесе Даниел Џејмс од Свонси и успеа во тоа.

„Црвените ѓаволи“ за крилниот фудбалер ќе плати 15 милиони евра, а за него беа заинтересирани уште Монако, Евертон и Лестер, но тој одлучи да оди на „Олд Трафорд“. Навивачите не се импресионирани од тоа како тргна преодниот рок затоа што очекуваа да биде донесен Де Лихт како и најдобриот играч во португалската лига Бруно Фернандеш. Сепак, останува надежта дека двајцата би можеле во Манчестер до крајот на летото.

„Ѓаволите“ ќе се ослободат од неколку фудбалери, но не сакаат да го продадат Пол Погба по 170 милиони евра. Реал се откажа, а Јувентус нуди пари и замена на играчи – евентуално Кансело или Дибала.

Јасно е дека на излезна врата е Лукаку кој може да оди во Интер, а Солскјер има забележано уште двајца млади играчи, новопечениот англиски репрезентативец Деклан Рајс од Вест Хем и Арон Ван-Бисака од Кристал Палас.