За голема жал на сите кавадарчани фудбалерите на Тиквеш не успеаја да дојдат до целта, до пласман во Првата лига. Момците на тренерот Димитковски вчера загубија во баражот од Силекс со 3:2. Денеска прес имаа првите луѓе на Општината на чело со градоначалникот Митко Јанчев.

Тука беа и раководството на клубот, стручниот штаб и играчите. Интересно беше што Јанчев истакна дека и нему му е жал за тоа што нема Прва лига, но и тоа дека е задоволен од сезоната. Тој напомена дека Кавадарци и Општината ќе сторат се овој Тиквеш да биде уште посилен, и дека во следната сезона целта ќе биде само прво место во Втората лига – Исток.

Јанчев посочи дека и Градскиот стадион ќе се реконструира, пред се теренот. Се разбира ако ова се оствари тогаш Тиквеш ќе биде најголемиот фаворит за следната сезона во Втората лига – Исток, иако за конкуренти ќе ги има Победа, Беласица, Брегалница, Кит Го, Кожуф и др.