Полската експедиција денеска се запозна со теренот на арената „Тодор Проески“ на кој утре ќе со одиграат натпреварот со македонската репрезентација во рамките на квалификациите за ЕП 2020. Временските услови можеби не се идеални, како што кажа Камил Глик на пресот би сакале температура околу 20 степени целзиусови, но условите се тие како за нив, така и за нас. Левандовски и другарите тренираа и ги слушаа советите на селекторот Јержи Бжечек, а нивната работа ја набљудуваше и претседателот на ФС на Послка Збигњев Боњек.