Женскиот дел од турнирот Ролан Гарос дефинитивно е поинтересен за разлика од машкиот. Причините се бројните изненадувања. По елиминацијата на Серена Вилијамс, денеска се случи уште едно чудо. Бранителката на трофејот од минатата година Симона Халеп е елиминирана во четвртфиналето откако денеска изгуби од 17-годишната Аманда Анисимова.

Освојувачката на трофејот од минатата година и моментално трета на светската ВТА листа требаше да игра вчера но поради дожд беше принудена да игра денеска. Меѓутоа беше збришана од американската тинејџерка со 2:6, 4:6.

А Анисимова не само што првпат во кариерата стигнува до полуфинале на еден Грен слем турнир, туку е и првата тенисерка родена во 21 век која успева да стиге до полуфиналето на престижниот Ролан Гарос.

Анисимова, инаку 51 на светската ранг листа, во следното коло во петок ќе се соочи со Ешли Барти од Австралија. Барти ја победи Американката Кис со 6:3, 7:5.