Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим се втората полуфинална двојна на Ролан Гарос.

Србинот во четвртфиналето го елиминираше Александар Зверев со 3:0 (7:5, 6:2, 6:2) додека Тим во три сета беше поуспешен од Русинот Карен Качанов, 6:2, 6:4, 6:2.

Интересно е дека светскиот рекет број еден без ниту еден загубен сет стигна до полуфиналето, во кое ќе игра со Австриецот. Доколку победи Ѓоковиќ во финалето ќе се соочи со победникот од вториот полуфинален меч меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.