ФК Ренова фактички од 31 мај е без шеф на стручниот штаб. Имено договорот на Никола Илиевски – Џиџи му истече, па така сега се очекува двете страни да седнат и да се догоговорат за продолжување на истиот. Интересно е тоа што „гипсарите“ буквално еден гол ги делеше до пласман во Европа.

„Математички е така, но треба да се знае дека ние самите сме си виновни за тоа. Требаше неколку натпревари да добиеме на  кои бевме апсолутно подобри, но кога не се користат шансите така е тоа во фудбалот. Што се однесува до моето останување во Ренова на местото шеф на стручниот штаб тука нема нешто нејасно. Јас сум задоволен од мојот престој таму од ноември минатата година па се до 31 мај. Сепак мене ми истече договорот, е сега дали ќе го продолжиме останува да се види. Прво треба да седнеме со спонзорот, да видиме какви ќе бидат амбициите на Ренова во следната сезона и тогаш ќе решам дали ќе ја продолжиме соработката или не. Оваа Ренова мора да ја напаѓа Европа, тоа на сите им е јасно“ изјави за СПОРТМЕДИА еден од нашите најдобри стратези.