Михаил Наумовски не само што повеќе не е селектор на репрезентацијата до 18 години (истата е под палката на Тони Симиќ), тој доби суспензија на неодредено време од страна на новиот претседател на КФСМ, Перо Антиќ.
Младиот стратег се обрати до редакцијата на „СПОРТМЕДИА“ сметајќи дека тој е оштетен, а одлука за негова суспензија е неправедна, како и останатите потези од страна на актуелната структура на КФМС.
„Јас Михаил Наумовски, се уште актуелен селектор на машката кошаркарска репрезентација до 18 години сакам да ја запознам кошаркарската и пошироката јавност во врска со мојата неоснована, и крајно контравезна суспензија од страна на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, за која смета дека е обична фарса од која најмногу трпи македонската кошарка.
Во октомври 2018 година по повод распишаниот конкурс за избор на селектор на горенаведената репрезентација, уредно поднесов докутментација до стручниот совет при КФМС, кој по интервјуто ме назначи и официјално за селектор што за мене преставуваше огромно задоволство, но истовремено голема одговорност. Од самиот почеток безрезервно се вложивме, како и јас, така и целиот мој стручен штаб на чело со менторот.
Во меѓувреме учествувавме на два турнира, во ноември 2018 година во Романија каде го освоивме првото место, и парил 2018 година во БиХ каде беше совладана селекцијата на Црна Гора која настапува во А Дивизија. Во февруари одржавме селективни тренинзи за играчи родени 2001/02 година, на тренинзите се појави 40 кошаркари поделени во неколку групи и за секој од нив е подготвен играчки профил со стручно мислење околу позитивните и негативните одлики на секој од нив, нешто за што има и видео-документација.
Со промена на раководството на 15-ти мај 2019 година и доаѓањето на новите луѓе на чело со Перо Антиќ, до ден денешен не бев во ниту еден момент контактиран за ништо во врска со мојот ангажман, за мојата програма за почетокот на подготовките со репрезентацијата во која согласно со мојот договор сум актуелен селектор, за моето разрешување дознав преку интернет порталите.
Би сакал да запрашам целата јавност кој е сега непрофесионален, нестручен и неквалитетно ја извршува својата работа???ДАЛИ ЈАС ЗАЕДНО СО МОЈОТ СТРУЧЕН ШТАБ ИЛИ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ ЛИЧНО МЕ СУСПЕНДИРА????
Престедалот на КФСМ носи одлука за мое времено суспендирање без никаков правен основ, спротивно од член 40 од статутот на кој се повикува. Ваква одлука претседателот на смее и не може да донесе согласно неговите ингеренции. Одулуката нема образложение и има само една флоскула постои основано сосмнени која е типична за едно дамнешно време, кое за жал не се враќа. Одлуката нема јниту поука за правно средство што е еден правен апсурд“, вели Јовановски.