Вечерва силната Македонија ја дочекува силната Полска, во еден од најзначајните натпревари во квалификациската група Г за пласман на ЕВРО 2020. Вечерва нашите најдобри фудбалери треба да покажат дека се квалитет, дека се најдобрата репрезентација на Македонија во нејзината историја. Барем така вели најдобриот, капитенот Пандев. На крилјата на фантастичниот успех на РК Вардар вечерва на Арената „Тодор Проески“ ќе се бара нов успех, ќе се бара победа над Полска, за која ќе играат и супер ѕвезди од типот на Левандовски. Но и ние си имаме свои ѕвезди. Токму затоа вечерва сите сме Пандев, Барди, Нестор, Џани, Елмас, Столе, Муслиу и останатите од четата на предводникот Игор Ангеловски. Нема од што да се плашиме, во изминатиот период откако оваа генерација стаса на високата сцена, ние играме добар фудбал, ние имаме резултати за респект. Победа и три бода од дуелот со Полска не носи пред вратите на супер пласман во нашата група, ако биде победа и три бода вечерва е тогаш нека му ја мисли Австрија во понеделник.

Македонија вечерва ќе ја има поддршката од најмалку 20.000 грла на Арената, ако сакаме да играме на ЕВРО 2020 мораме да победуваме и фаворити, ако сакаме да победуваме фаворити мораме да има голема, огромна поддршка од трибините.

Токму затоа велиме АЈДЕ НА АРЕНАТА, АЈДЕ ДА НАВИВАМЕ…

ЗА КОГО?… СЕ ЗНАЕ.. ЗА МАКЕДОНИЈА!!!