Полската селекција вечерва ќе има голема поддршка од трибините на Националната Арена „Тодор Проески“. Имено како што велат нашите информации најавени се околу 2.600 фанови, од кои во најголем број веќе се тука во Скопје. Познато е дека во текот на вчерашниот ден дел од нив се судрија со припадниците на нашето МВР и си поминаа како што си поминаа. Навивачите од Полска важат за едни од најлошите, најагресивните во Европа. Да се надеваме дека вечерва ќе останат разочарани од резултатот.