Остоја Стјепановиќ и официјално не е веќе фудбалер на Македонија ЃП. По шестмесечниот престој во својот матичен клуб, искусниот играч за врска и раководството на „лавовите“ не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Тоа значи дека Македонија ЃП драстично ослабена ќе настапи во Европа и тоа само поради намалениот буџет. Добра вест за фановите на клубот од Ѓорче е дека Дејан Тантуровски останува во таборот на „лавовите“. Инаку да потсетиме дека покрај Остоја во наредната сезона меѓу „лавовите“ нема да ги гледаме и Изалдо Браз, Андре Пеналва, Христијан Кировски…