По вчерашниот тренинг на Националната арена во Скопје, селекторот на полската фудбалска репрезнетација, Јержи Бжечек, веќе го оформил тимот со кој ќе стартува на денешниот меч со Македонија. Како што пишуваат полските медиуми, голема е веројатноста Бжечек денеска да почне со само еден класичен напаѓач во тимот во името на Левандовски.

Според прогнозите денеска Полска во Скопје ќе почне со следниве 11:

ФАБИЈАНСКИ

БЕРЕШИНСКИ, ГЛИК, БЕДНАРЕК, РИБУС

КЛИХ, КРИХОВЈАК

ФРАНКОВСКИ, ЖИЛИНСКИ, ГРОСИЦКИ

ЛЕВАНДОВСКИ.