Поголеми групи полски навивачи веќе два дена се во Скопје. Како одминува времето до почетокот на вечерашниот меч, се почесто низ метрополата ќе видите помали или поголеми групи фанови на полската репрезентација како се подготвуваат за вечерашниот меч. Некои се фотографираат за спомен, некои опиени правгат проблеми по кафулињата, трети отидоа дотаму што влегоа во отворени конфликти со полицијата.

Проценките велат дека вечерва на Националната арена во Скопје ќе има најмалку 2000 гостински фанови.