Едно од имињата кои им паднаа в очи на полските новинари во пресрет на денешниот дуел со Македонија во Скопје е она на Елиф Елмас. Младиот фудбалер на Фенербахче кој летово е пред трансфер во еден од големите европски фудбалски гиганти, според полските медиуми, е фудбалерот кој може да ја направи разликата на вечерашниот меч.

Полјаците го претавуваат Елмас како вистински „фудбалски дијамант“ кој со своите 19 години веќе постигна два гола против летонија.

„Пријателите на Елмас велат дека нему не му е важно дали игра меч со Фенербахче, со репрезентацијата против Шпанија или маалски меч во Бутел. Елмас во секој меч тргнува да победи. Елиф Елмас е најголемата надеж на македонскиот фудбал. Тој може да направи и најголеми проблеми за полската репрезентација“, констатираат полските новинари.