По дивеењето во Скопје, посебно по онаа тепачка попладнево во Градски парк, дознаваме дека повеќе од 200 полски навивачи биле уапсени, односно приведени. Тие натпреварот меѓу Македонија и Полска нема да го следат од трибините на Арената тука ќе мораат да престојуваат неколку часови во скопските полициски станици. Се со цел да не се случат некои други инциденти.