Во квалификацискиот циклус за ЕУРО 2020 на машката репрезентација на Македонија и останаа уште два натпревари, гостувањето во Турција (12 јуни) и дуелот со Грција, дома, (16 јуни), а ЕХФ веќе обелодени каде и кога ќе биде дефиниран изгледот на групната фаза на континенталниот собир.

На 28 јуни (петок), во 18:45 часот, во Виена, организаторите Австрија, Шведска и Норвешка заедно со ЕХФ го закажаа свечениот чин.

Во пресрет на ждрепката познато е дека домаќините веќе ги знаат своите групи, односно Австрија ќе игра во групата Б во Виена, Норвешка во групата Д во Трондхејм, додека Шведска во групата Ф во Гетеборг. Германија, која е веќе пласирана, ќе биде во втората група во Тродхејм, групата Ц, како и Хрватска, која обезбеди ЕУРО билет ќе биде дел од групата А во Грац, додека Данска, доколку се пласира ќе игра во групата Е во Малме.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 јануари 2020 година и ќе биде првиот континентален собир со 24 репрезентации.