Рома успеала да се договори со португалскиот фудбалски стретег Паоло Фонсека и тој ќе биде новиот тренер на тимот следната сезона. Како што информираат извори блиски до клубот, договорот веќе паднал.

„Римската волчица“ за доаѓањето на Фонсека во Рим од декипата на Шахтјор ќе плати околу 2 милиони евра за негова отштета. Тренерот, од своја страна, прифатил намалена плата од 2 милиони евра за да им помогне воа преговорите на првите луѓе на Рома, затоа што и Шахтјор не сака да се откаже од Португалецот за џабе.