Европскиот кошаркарски шампион ЦСКА почна преговори за нов договор со својот најдобар кошаркар оваа сезона, Вил Клајбурн. Руските весници денеск аизвестија дека ЦСКА ќе потпише двегодишен договор со Клајбурн кој ќе добие и значително зголемување на платата и повеќе нема да биде најниско платениот странец во тимот.

Официјално договорот треба да биде потпишан на крајот од сезоната во ВТБ лигата.

„Продолжувањето на договорот со Димитрис Итудис беше одлучувачки аргумент за Вил да остане. Тој јасно му даде дознаење на раководството на ЦСКА дека е подготвен за преговори. Страните брзо најдоа заеднички јазик и се согласија за нов двегодишен договор кој предвидува зголемување на платата“, вели извор од клубот.