Кирил Лазаров, Жарко Пешевски, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Гоце Георгиевски, Филип Кузмановски, Филип Талески…се имињата кои не се појавија на првиот собир на македонската репрезентација пред стартот на подготовките за пласман на ЕП 2020 година.

Дел го најавија своето отсуство поради обврски кон клубовите, дел имаа проблем со здравствени проблеми, дел не сметаа дека треба да дојдат. Но, затоа тука на број беше иднината на мак-ракометот, подготвени се да се изборат за место за дуелите против Турција и Грција, последни во овие квалификации и важни за задржување на првото место во групата.