Актуелниот светски шампион Франција, доби лекција по фудбал на гостувањето во Коња вечерва во 3. коло од квалификациите за ЕП 2020. Турција славеше со 2:0 во меч во кој реално можеа да постигнат најмалку уште еден гол. Бледата француска чета одигра меч под сите очекувања и не потврди ни дел од епитетот фаворит.

Турците поведоа со голот на дефанзивецот на Фортуна Дизелдорф, Каан во 30 минута на мечот, за само 10 минутуи подоцна со еден прекрасен гол, Чекгиз Ундер да и донесе водство на својата репрезентација од 2:0.

 

Во вториот дел Французите се обидуваа да се вратат во игра, но најубавите шанси повторно ги имаа домашните. На крајот вистинско чудо е како Лорис не доби уште некој гол во сопствената мрежа. Интересно е што ова е прв позитивен резултат за Турција на пресметките со Франција. Досега на 4 меѓусебни дуели во сите натпреварувања, Франција имаше исто толку победи.

Вечерва очекувани победи остварија Германија над Белорусија од 2:0, како и Белгија која без проблеми го совлада Казахстан со 3:0. Италијанците за едно полувреме ја решија Грција среде Атина.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

РЕЗУЛТАТИ:

Белгија – Казахстан 3:0

Грција – Италија 0:3

Турција – Франција 2:0

Шкотска – Кипар 2:1

Белорусија- Германија 0:2