Добра атмосфера вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“. Публика околу 25.000, тука се и Полјаците кои го зголемија декорот, нашите играчи во форма. И добро стартуваа, но во вториот дел со многу среќа „златниот“ Пјонтек успеа да погоди во мрежата на Димитриевски.

Македонија после тоа се обиде да се врати, но враќање немаше. Едноставно Полска со чиста мрежа си замина и од Скопје. Левандовски никаде го немаше, но затоа „експлодираше“ неговиот соиграч од нападот, и тоа после само една минута мината на теренот.

Фотогалерија од натпреварот Македонија – Полска.