Иако официјално се води како стрелец на единствениот гол на средбата со Македонија, постои дилема дали на патот до голот топката освен Кшиштоф Пјонтек, ја допре и Камил Глик.

Пјонтек по мечот истакна дека не видел дали некој ја допрел топката, но истакна дека тоа не е ниту важно, туку тоа што Полска освои три бода.

„Не видов дали некој ја допре топката, но не е важно. Најважно е што тимот дојде до три бода. Најважен е тимот, а не индивидуалецот. Во секој случај среќен сум што дадов приодонес за оваа победа“, истакна Пјонтек.