Рускиот судија Алексеј Есков ќе го суди дуелот во понеделник на Националната Арена меѓу репрезентациите на Македонија и Австрија. Во рамките на 4. коло од квалификациите за ЕП 2020, нашата репрезентација ја дочекува Австрија во меч во кој по поразот од Полска може да ја имаме и последната шанса за реално да се задржиме меѓу кандидатите за двете места кои водат на европскиот собир на најдобрите.

40-годишниот Есков e интернационален судија од 2009 година и досега има судено неколку мечеви во квалификациите за светското првенство. Интересно е што Есков и судеше на Македонија пред две години во квалификациите за СП 2018 кога гостувавме кај Израел и славевме со 1:0.