Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер, веќе состави листа од три имиња кои ќе бидат потенцијални засилувања за „црвените ѓаволи“ ова лето. Според информациите од клубот, на листата на Норвежанецот се најдоа Ерик Даер од екипата на Тотенхем, Деклан Рајс од Вест Хем, како и фудбалерот на Њукасл, Шон Лонгстаф.

Сите тројца треба да бидат еден вид на конкуренција за средниот ред, но прашање е кој од нив Солскјер ќе успее да го договори ова лето. За Даер се знае дека Тотенхем не сака да го продаде и ќе биде исклучително тешко да се најде заеднички јазик во евентуалните преговори. Рајс од Вест Хем е на мета и на уште неколку други клубови, во прв ред Арсенал, додека најреална опција е доведувањето на Лонгстаф. 21-годишниот играч за врска на екипата на Њукасл има цена од околу 3 милиони евра, но Њукасл за него може да добие и двојно повеќе.